Третопласираниот тим на Западот, Лос Анџелес Клиперс, вчера во директен дуел за врвот во конференцијата со неверојатните Денвер Нагетс, предводени од српскиот репрезентативен центар Никола Јокиќ, загуби со 94:101.
Поразот на Клиперси во регуларниот дел од сезоната, самиот по себе како таков не мора да биде трагичен, особено кога е од силен опонент, но може да разочара одреден дел од фан-базата на екипата од Калифорнија. Осоебно, делот од фан-базата што е вљубен во игрите на среќа и обложувањето.
На социјалната мрежа „Инстаграм“, човекот под име alen_napad му напиша отворена порака на хрватскиот кошаркар Ивица Зубац и го „искара“ поради поразот. Причина за тоа е „паднатиот тикет“ и „пропаднатите 80 евра“. Некогашниот центар на Кливленд Кавалирс, во хумористичен манир одговори на коментарот.
-Требаше да се јавиш пред натпреварот, па ќе „запневме“ посилно за да го добиеме мечот, напиша Зубац.
Хрватот во вчерашното дерби против Нагетси забележа само осум поени и четири успешни додавања.
Фото:
skysports.com
д.ј