Со победата во ноември над Грузија во финалето на плејофот на Лигата на нациите, македонската фудбалска репрезентација за првпат по три децении се пласираше на едно големо натпреварување. Избраниците на Ангеловски во јуни годинава во група со Австрија, Украина и Холандија, ќе се обидат да направат уште едно во низата изненадувања и освен „важно е да е учествува“, да остават посериозен печат на собирот на најдобрите европски селекции.
Гигантската пивска холандска компанија „Хајнекен“ на својата стаклена амбалажа посветена на претстојното Европско првенство, му оддаде чест и на македонските фудбалери. Препознатливата црвена ѕведа на пивскиот бренд беше исполнета со боите на македонското знаме.
Им благодариме на Холанѓаните и ветуваме дека ќе наздравиме кога ќе ги совладаме за неколку месеци. Веруваме дека нема да се налутат.
Фото:
Twitter / @MacedonianFoot
д.ј