Си ги наполнила џебовите со милиони Опра Винфри со интерјуто на Меган и Хари – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/21 8:29 PM

Си ги наполнила џебовите со милиони Опра Винфри со интерјуто на Меган и Хари

Интервјуто што водителката Опра Винфри го направи со Меган Маркл и Хари е главна тема на светските медиуми скоро цел месец, a таа заработи не помалку од седум милиони долари од тоа.
Опра ги продаде правата за емитување на ексклузивно интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл на Си-Би-Ес за седум милиони долари, но според странските медиуми, водителката уште „собира плодови“ и дека нејзината сметка ќе биде побогата барем уште за 10 милиони.

Во двочасовно интервју, кое беше емитувано на телевизијата Си Би Ес, парот зборуваше за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство.

Комплетното интервју, според проценките на Нилсен, го следеле во живо 17 милиони гледачи. Иако интервјуто беше емитувано во ударно време, овој број на гледачи се смета за исклучително голем.

Да потсетиме, во интервјуто Меган рече дека размислува за самоубиство, додека Хари рече дека тој и неговото семејство се чувствувале „заробени“ додека биле членови на кралското семејство.

Извор: nova.rs

Фото: Фејсбук