Капитенската лента на Роналдо од „Рајко Митиќ“ е продадена на хуманитарна аукција за 64.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/21 8:30 PM

Капитенската лента на Роналдо од „Рајко Митиќ“ е продадена на хуманитарна аукција за 64.000 евра

Во второто коло од квалификациониот циклус за Мундијалот во Катар 2022, Португалија испушти два гола предност на полувреме и на крајот во Лисабон се врати со само еден бод од тешкото гостување на „Рајко Митиќ“ против селекцијата на Србија.

Практично во последниот напад на народски познатата „Маракана“, Роналдо го искористи киксот на голманот на Еибар, Марко Дмитровиќ, па постигна погодок кој судијата не го призна. Митровиќ ја извади топката од мрежата на Дмитровиќ, откако таа со целиот обем влезе во голот. Ѕвездата на Јувентус и Португалија бурно реагираше кон главниот арбитар и предвреме го напушти мечот, отстранувајќи ја капитенската лента и фрлајќи ја на тревникот.

Тивкиот херој со одлична идеја, пожарникарот Ѓорѓе Вукичевиќ, присутен на дуелот од квалификациите за Светското првенство помеѓу Србија и Португалија, ја „собрал“ лентата и ја понудил на хуманитарна аукција, чии средства би завршиле за лекување на малиот Гаврило Ѓурѓевиќ.

Цената на капитенската лента на Роналдо од тој натпревар достигна неверојатни 64.000 евра, или 7.500.010 динари, а компанијата „Моцарт“ од денес е горд сопственик на сувенирот од „Маракана“ кој ќе евоцира убави фудбалски и човечки спомени.

 

 

Фото:

Twitter / @MozzartBet

д.ј