Сушата во Германија предизвика штети од неколку милијарди евра – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/18 10:52 AM

Сушата во Германија предизвика штети од неколку милијарди евра

Штетите врз германското земјоделство предизвикани од сушата и жешкото време изнесуваат „неколку милијарди евра“, изјави претседателот Здружението на земјоделците на Германија, Јоаким Рукид.

Според него, само кај житните култури предизвикана е штета од 1,4 милијарди евра.

Тој побара од Владата да подготви итни мерки за помош на земјоделците кои претрпеа штети од сушата.

– Штетата е огромна. Земјоделството не може да ја надмине и затоа политиката мора да даде поддршка, истакна Рукид.

 

Извор:МИА