Во Општата болница во Велес има 95 хоспитализирани пациенти од кои 83 се потврдени позитивни, осум се сомнителни, а четири пациенти имаат негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 49 пациенти, што е најмногу од почетокот на пендемијата со Ковид-19, истакна портпаролот на болницата, Елеонора Јованова.
-На Инфективното одделение има 54 пациенти, колку што има и кревети, односно тоа е целосно исполнето, а се’ повеќе се полни и Модуларна болница со 47 кревети каде денеска има 35 пациенти. На Интерно Б крак има шест пациенти кои се сомнителни на Ковид-19 или се лекуваат со последици по прележана болест, појасни д-р Јованова.
Извор:
mia.mk