Со која крвна група луѓето имаат најмали шанси да се заразат со Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/21 2:46 PM

Со која крвна група луѓето имаат најмали шанси да се заразат со Ковид 19

Најголем ризик фактор кај Ковид 19 се годините на старост, како и хроничните болести. Старите хронични болни се во поголема опасност од сериозни симптоми, но постои уште еден ризик фактор.

Тоа е крвната група. Во студија објавена во весникот „Annals od Internal Medicine“ научниците покажале дека луѓето со нулта крвна група имаат помала веројатност од инфицирање со коронавирус во однос на останатите крвни групи. Научниците анализирале податоци на 225.556 испитаници од Канада. Просечната старост на испитаниците била 54 години, а темата на испитувањето била дали крвната група или резус факторот влијае на веројатност од инфекција или на развој на тешки симптоми.

Од испитувањето е заклучено дека крвната група 0 и негативниот Rh фактор се поврзани со понизок ризик од инфекција од вирусот SARS-CoV-2 и тежок облик на заболување.Нултата крвна група имала 2,1 отсто веројатност за зараза од вирусот SARS-CoV-2, односно најмалку неприлагодена веројатност од сите крвни групи. Најголема неприлагодена веројатност имало во крвната група Б и изнесувала 4,2 отсто.

Тоа би значело, како што пренесува Блиц, оние со крвната група 0 имаат 12 отсто помала веројатност од инфекција со Ковид 19 во однос на А, АБ или Б, наведува Ројтерс, какои 13 отсто помал ризик од смртен исход.

Извор: Б92.нет