Посни крофни – воздушести и превкусни во што ќе се уверите при првиот залак. Може да ги комбинирате со џем или по ваш вкус.
Потребно е:
1 kg брашно
40 gr квасец
3 dl млака вода
2 dl кисела вода
1 dl масло
2 лажици шеќер
2 ќесички ванилин шеќер
Рендана кора од лимон
Рендана кора од портокал
1 лажичка сол
Во чинија ставете го квасецот, 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно. Добро промешајте со малку вода и оставете квасецот да надојде.
Потоа во квасецот додадете масло, вода, кисела вода, шеќер, рендана кора од лимон и портокал и ванилин шеќер.
Промешајте ја смесата со постепено додавање на брашно, а кога ќе се соедини оставете го на топло место на 10 минути.
Тестото развлечете го на дебелина од 1 сантиметар, извадете крофни со чаша и оставете ги 10-тина минути, покриени со крпа.
Крофните пржете ги во загреано масло.
Извор: Светплус.сом