Артета: Не за Агуеро во Арсенал, ќе видиме што ќе донесе иднината – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/21 11:03 PM

Артета: Не за Агуеро во Арсенал, ќе видиме што ќе донесе иднината

Легендата на Манчестер Сити и Премиер Лигата, Серхио Агуеро, официјално летово ќе го напушти клубот од Англија по една деценија.

Агуеро ќе остане запишан како најдобриот стрелец во историјата на клубот од „синиот“ дел на Манчестер и фудбалерот кој во незаборавниот натпревар против КПР во последното лигашко коло, го постигна голот за 3:2 и шампионска титула под палка на Роберто Манчини.

Шпекулациите за неговата иднина сега дополнително се засилија. Шпанските тимови, особено Барселона, пројавуваат сериозен интерес за неговиот потпис, a англиските медиуми пренесуваат дека и некои англиски имиња кружат околу Аргентинецот.

Една од екипите со кои Агуеро се поврзуваше е Арсенал, но денес шпанскиот стратег на кормилото на „топџиите“ јасно ги демантираше гласините велејќи дека не постојат шанси за негов ангажман.

-Не, не, не, ќе видиме што ќе се случи со него во иднина. Секој кој е близок со Серхио ќе ви ја каже истата работа. Тој е веројатно главната личност, или барем една од трите главни кои го носеа на грб тој проект. Не само начинот на кој играше, туку и неговата харизма, личноста, каков е како човек. Сите во клубот го сакаат, тажно е што заминува од Манчестер, изјави Артета за „SkySports“.

Со Манчестер Сити, некогашниот напаѓач на Атлетико Мадрид освои четири лигашки титули, ФА Куп и пет трофеи во Лига Купот.

 

 

 

 

Фото:

marca.com