Веројатно најпознатиот и најмоќниот фудбалски агент во светот на фудбалот, Мино Раило, денес слета во Шпанија да преговара со најголемите клубови во земјата, за услугите на неговиот баран клиент, Ерлинг Халанд.
Норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, сезонава „експлодираше“ во матичниот клуб и за репрезентацијата постигнувајќи дури 39 погодоци, а со тоа го привлече вниманието на европските гиганти.
Според еминентниот италијански новинар, Фабрицио Романо, Раиола екскурзијата во Шпанија, но и во Европа, ја започнал во Барселона заедно со таткото на дваесетгодишниот играч. Таборот на Халанд пристигнал со цел да добие посебна понуда за него и да стави потпис со Барселона.
Состанокот помеѓу новоизбраниот претседател на клубот од Каталонија, Лапорта, таткото на Ерлинг Халанд и Мино Раило, бил позитивен, но ваквата средба не е дефинитивна, ниту пак ја окончува иднината на „вундеркидот“.
Во текот на утрешниот ден, супер-агентот ќе го понуди Халанд на Реал Мадрид, а главните услови за Реал и за сите останати клубови за ангажирање на шпицот ќе бидат проектот кој тимот ќе го презентира пред него и сумата која ќе треба да се исплати на Борусија Дортмунд летово, 150 милиони евра.
Следната седмица Раиола ќе се упати кон Англија, да разговара со Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул.
Фото:
footbal-espana.net