Преку емотивна порака на социјалните мрежи, сопругата на селекторот Игор Ангеловски, Тања им ја честиташе на репрезентативците победата над Германија. Откако Ангеловски изјави дека неговата сопруга е со ковид-19 и дека победата и’ ја посветува нејзе, таа им честиташе на репрезентативците за одличната игра.
„Сакам да ви честитам за победата над четирикратниот светски шампион Германија. Две децении без пораз, а таа серија токму Македонија за да ја прекине, респектпочит. Во овие квалификации постигнaти девет гола СЕКОЈА ЧЕСТ. Честитки до стручниот штаб, медицинскиот тим и техничкиот персонал на А селекцијата, сите фудбалери на А селекцијата, некои од нив за овие 5 години пораснаа во очите на Игор Ангеловски од голобради момчиња станаа мажи, татковци за првпат и одважни свесни за уникатноса на нивните карактери. Сите овие момеци се предводени од капитетнот ГОРАН ПАНДЕВ, маркантна фигура, дали пред своето време“, наведува Ангеловска во својата објава, додавајќи дека никогаш нема да ги заборави ниту овие квалификации, ниту периодот низ кој поминала заедно со своето семејство.
КОВИД…неканет гостин кој ви го зема здивот. Се’ уште ми одѕвонуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и крвните анализи. „КАДЕ СИ ТРГНАЛА МАЛЕЧКА, ЈАС СЕ’ УШТЕ НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО ТЕБЕ“ Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбирање и поддршка без оглед на се’. Ти благодарим што ја сакаш мајката на твоите деца – додава Тања во објавата.