На плоштадот во Скопје иако не масовно, како другите години, сепак, продефилираа најмладите со интересни маски, одбележувајки го Денот на шегата „1 Април“.
Пандемијата си го направи своето, не изостанаа само дружните, туку и шегата. За разлика од претходните години, кога плоштадот во Скопје бил преполн со маскирани дечиња, детски ѓагор и смеа, сега плаштад е далеку од тоа.
Едно заедничко за сите е што беа маскирано и стари и млади, малите за шега, големите за заштита од корона, која ни го преврте животот наопаку.
Погледнете ја галеријата на ММС.
Фото: Вангел Тануровски