Светот ќе го памети неодамнешниот престој на Кристијано Роналдо во Белград по сцената од финишот на мечот, кога тој бесен го напушти теренот и ја фрли капитенската лента.
Како и секогаш, престојот на еден од најдобрите фудбалери во светот бара посебни безбедносни мерки и многу е тешко да се пристапи до него. Сепак, тоа не се однесува на новосадската мисицa Билјана Драгаш.
Заносната бринета од Нови Сад го користи секој престој на Роналдо во Србија за да се сретне со него, а така беше и овој пат.
Мис Билјана, како што ја нарекуваат на Инстаграм, објави заедничко селфи, на кое се гледа дека Роналдо е прилично среќен во нејзино друштво.
Извор и фото: Курир.рс