Во салата „Борис Трајковски“ дневно ќе се вакцинираат 5.000 граѓани, објави Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/21 9:57 AM

Во салата „Борис Трајковски“ дневно ќе се вакцинираат 5.000 граѓани, објави Филипче

Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе се врши масовна вакцинација. Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Согласно планот, како што посочува, ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично, напиша Филипче.