Пиев и живеев со бездомници, купував кокаин – експлозивна исповед на синот на Џо Бајден – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/21 10:13 AM

Пиев и живеев со бездомници, купував кокаин – експлозивна исповед на синот на Џо Бајден

Хантер Бајден, синот на претседателот на САД, следната недела планира да објави мемоари во кои на јавноста ќе и разоткрие за својата борба со зависноста, јавуваат американските медиуми.

-Купував коакин на улиците во Вашингтон, а својот го готвев во хотелски бунгалов во Лос Анџелес, пишува во книгата која се вика „Beautiful Things“, пренесува The New York Times.

Во мемоарите кои ќе бидат објавени на 6.април, Бајден се сеќава како крек купил од зависник и бездомник кој подоцна се преселил кај него.

-Врската беше симбиотска. Беа тоа два зависници кои не успеаа да пронајдат пат од пеколната вреќичка.

Претседателскиот единствен преживеан син опишал инцидент кој се случил во 2016 година кога отишол да побара дрога во кампот за бездомници во Лос Анџелес.

-Поминав и и заобиколив едни луѓе собрани на картони. Над нив забележав неосветлен шатор. Беше мрак. Видов само пиштол вперен во моето лице, пишувало во мемоарите.

Бајден е избркан од морнарицата во 2014 година после позитивниот тест на кокаин. Во книгата „Beautiful Things“ се сеќава на времето кога бил „очаен за пиење“ што не можел да прошета ниту еден блок, од продавница за пијалаци до куќата, а да не отвори шише.

Хантер опишува како почнал многу да пие во дваесеттите години. Одел на одвикнување, но се вратил на пиењето откако брат му починал во 2015 година од рак на мозокот на 46 години.

Хантер, кој сега е „чист“ живее во Лос Анџелес, се сеќава и на автомобилската несреќа која тој и брат му ја доживеале во декември 1972 година.

Во несреќата која се случила само неколку недели откако неговиот татко за прв пат беше избран за сенатор на Делавер, а починале неговата мајка и тогаш едногодишната сестра Наоми.

-Одеднаш видв како главата на мојата мајка се движи на десно. Не се сеќавам на ништо повеќе за нејзиниот профил, поглед во очите, изрази… Главата едноставно и се нишаше, пишува Хантер во мемоарите.

Хантер, кој татко му секогаш го поддржувал, бил често во фокусот на нападите на Доналд Трамп и републиканците, посебно поради неговите работни ангажмани во Украина и Кина во време кога Џо Бајден бил потпретседател на САД во администрацијата на Барак Обама, пишува Јутарни.

Во декември 2019 година Претставничкиот дом со мнозинска контрола на демократите гласал за отповикување на Трамп, обвинувајќи го за злоупотреба на положбата и попречување на работата на Конгресот поради неговите обиди да изврши притисок врз властите во Киев да ги истражат поранешниот потпретседател на САД и делвната активност на неговиот син.

За време на истрагата Хантер и неговите соработници се проверувале дали ги прекршиле законите за даноци и перење на пари преку работење со странски земји. Во книгата Хантер тврди дека не направил „ништо неетичко“.

-Епизодата која доведе до отповикување на претседателот ме стави во срцето на најголемата политичка бајка на деценијата, најзначајна по својата епска баналност, напишал Бајден.

Извор: Телеграф.рс