Велковски и Адеми подготвени и во првиот состав против Германија, Пандев со капитенската лента – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/21 6:44 PM

Велковски и Адеми подготвени и во првиот состав против Германија, Пандев со капитенската лента

Со згуснат среден ред и Трајковски и Пандев во нападот, македонската фудбалска репрезентација оди на мегдан во Дуизбург против фаворитот во групата за квалификациите за Мундијалот во Катар 2022, Германија.

Изненадувањето во составот на Ангеловски е враќањето на Аријан Адеми и Дарко Велковски во срцето на одбраната. Некогашниот тренер на скопски Работнички, во формација која првично е во облик од 3-5-2, со Алиоски и Николов по левата и десната страна, ќе се обиде да остане непоразен од „панцирите“ на гостински терен.

Во средниот ред, борбата со Кимих, Горецка и Гундоган ќе ја водат Елмас, Барди и капитенот на Динамо Загреб, Адеми, додека пак Муслиу, Ристовски како десен централен стопер и Велковски ќе ја сочинуваат дефанзивната линија. Столе Димитриевски стандардно ќе ја брани мрежата на Македонија.

За Германците, Тер Штеген на голот, Џан, Гинтер, Рудигер и Госенс во одбраната, Горецка, Кимих и Гундоган во средниот ред, а нападот ќе го сочинуваат Хаверц, Сане и Гнабри.

Натпреварот од групата Ј започнува во 20:45.

 

 

 

 

 

д.ј