Правилото на ФИФА за останување на сила на пет замени по натпревар во квалификациите за Мундијалот во Катар 2022, прифатено е и од страна на „Европската куќа на фудбалот“, па така селекциите кои ќе настапат на Европското првенство летово ќе можат да користат пет фудбалери во својот состав, пренесува „BBC Sport“.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, на претстојното Европско ќе има „слатки маки“ при изборот на првата 11-ка, но и на оние кои ќе бидат дел од ротацијата, а воедно и поголем простор за тактички маневар во зависност од опонентот.
Во завршницата на Лигата на Нациите во октомври и плејофот за испаѓање следниот март, исто така ќе бидат дозволени по пет замени на меч.
Ставот на УЕФА е дека правилото останува валидно со цел да се помогне на натпреварите кои се под влијание на пандемијата на коронавирусот.