Димитров – Пахор: Евентуалниот неуспех на ЕУ за консензус за старт на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/21 4:34 PM

Димитров – Пахор: Евентуалниот неуспех на ЕУ за консензус за старт на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации

Евентуалниот неуспех на ЕУ во постигнувањето консензус за почнување на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации и затоа е неопходен одлучен и навремен исчекор на евроинтегративниот пат со што ќе се даде нова искра на политиката на проширувањето, се согласија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Со оваа средба на која во пријателска и непосредна атмосфера беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот, Димитров ја заокружи официјалната посета на Љубљана.

Како што соопшти СЕП, Пахор го информирал Димитров дека своите заложби и поддршката на европската перспектива на Северна Македонија ќе ги реафирмира на претстојниот Брдо Бриони Самит.

 

 

 

 

Извор:

mia.mk