Со вакцинирање на лицата над 77 години во дел од скопските поликлиники и во уште неколку други градови започна имунизацијата против Ковид-19 со вакцината на АстраЗенека.
Вакцинирањето се одвивапше во поликлиниките во Скопје „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“ како и во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар, Велес, Куманово, Битола, Кавадарци и Струмица.
Пријавувањето оди преку матичните леакри кои треба да закажат термини и да ги информираат граѓаните.
Објективот на нашиот фоторепортер ги долови моментите од првиот ден на имунизација во поликлиниката „Букурешт“ во која се однесени 3.800 вакцини.
Фото: Вангел Тануровски