Почина Ристо Дамјановски, првиот министер за одбрана во експертската Влада – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/21 2:42 PM

Почина Ристо Дамјановски, првиот министер за одбрана во експертската Влада

Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана и здружението „Клуб на генерали“  информираше дека професор-доктор Ристо Дамјановски, генерал-мајор во пензија, по кратко боледување на 83 годишна возраст ја загуби битката со корона вирусот.

Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 1994 година, генерал-мајор Дамјановски, кој ја имаше и титулата професор-доктор на воено историските науки, има извршувано повеќе највисоки воени, наставни, политичко – партиски и општествени функции. Беше член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана и министер за одбрана во првата експертска Влада во периодот 1991-1992 година.

Дамјановски е автор на книгата „Востаната Македонија” во 2001 година, а објавил и преку 50 научно-стручни трудови во рамките на двата Универзитети на кои бил професор, Друштвото за наука од Битола, Институтот за Национална историја, МАНУ како и поголем број колумни со воено-политички, историски и други содржини, објавени во во низа стручни списанија и во дневниот печат.

Во пензионерските години генералот Ристо Дамјановски остана активен допринесувач во полето на одбраната и беше член на здружението „Клуб на генерали“ .