Започна вакцинацијата на лица постари од 75 години во Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/21 1:48 PM

Започна вакцинацијата на лица постари од 75 години во Охрид

Вакцинацијата се спроведува во пункт на здравствениот дом во Охрид, во просториите на службата за превентивна здравствена заштита на деца и младинци. За Охрид се обезбедени 800 вакцини. Вакцинирањето ќе се одвива со закажување преку матичен лекар. Дневно ќе се вакцинираат по седумдесет пациенти во периодот од 8 часот до 20 часот, на секои десет минути.

Првата пациентка која се вакцинираше во Охрид, беше 79 годишна жена, кај која вакцинирањето поминало во најдобар ред.

Во Струга, вакцинацијата ќе почне од петок. За стружани се определени вкупно 500 вакцини. Таму вакцинацијата ќе се одвива во пункт на здравствениот дом.

Мики Трајковски