Две млади родилки починаа како последица на ковид-19 , откако биле породени на ГАК во Скопје , пренесува ТВ 21. Двете се второротки. Едната родилка е од 33-годишна од Делчево, другата 32-годишна од Скопје. Двете имале развиено пневмонија.
Eдната родилка била донесена од Инфективната клиника, а потоа префрлена на КАРИЛ откако и’ се влошила состојбата.
Другата пациентка во тешка состојба со високо фебрилна состојба е примена на 10-ти март, следниот ден е породена, а на 14-ти префрлена на „8-ми септември“ поради нагло влошување на состојбата.
Едно бебе е недоносено, односно породено во 30 -тата недела, сега е поставено на респиратор и докторите на ГАК се борат за живот.