Ставиле „балони“, а сега ги вадат – пејачки кои мака мачат со силиконите – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/21 1:17 PM

Ставиле „балони“, а сега ги вадат – пејачки кои мака мачат со силиконите

Дека големите силиконски гради веќе не се во мода можат да посведочат и српските мејачки кои не можат да дочекаат да одат „под нож“ и да го намалат деколтето.

Гога Секулиќ, Мина Костиќ и Дара Бубамара решиле да ги извадат силиконите, додека Јана Тодоровиќ, која има најголеми природни гради, одамна сака да се спаси од болката во грбот која ја трпи поради нив, но сопругот не и дозволувал.

-Мака мачам! Имам големи проблеми, бидејќи градите ми се огромни. Од нив ме боли грбот и ми се искриви кичмата. Имам и болки, кои веќе не можам да ги издржам. Многу сакам да ги намалам. Иван ми забранида ги намалам. Нему му се допаѓаат, а јас би сакала да имам помали. Тогаш би изгледала послаба. Се надевам дека ќе успеам да го убедам маж ми дека тоа е најдобро решение, рекла Јана во една прилика.

Додека неа проблем и создаваат природните гради, Гога веќе закажала операција со која сака да се „реши“ од своите силикони.

-Веќе две години имам проблем со силиконите и чувствувам болка во грбот поради големиот обем. Лекарите ме посоветуваа имплантите да ги заменам со помали така што од „5“ да преминам на „4“.Тоа е вистинската мера, нема да изгледам вулгарно. Закажав операција, но короната ме спречи, па одложив. Се надевам дека наскоро ќе го решам тоа, рекла Гога.

Исти планови има и Мина Костиќ која иако е доста пониска и послаба исто така ставила „5“.

-Сакам малку да ги намалам градите. Време е да одам на ремонт, но ќе почекам да соберам пари. Големите гради се минато, објаснила Мина.

Дара Бубамара ги има најголемите силиконски гради, а како што се зборува таа сфатила дека претерала, па сака дса ги намали.

-Дара сака да да ја намали својата „6“. Неодамна ја корегира исхраната и почнала секој ден да вежба во теретана со своето момче Марко. Многу ослабела, па проблем и прават големите гради. Размислува дали да ги намали за еден или два броја.Нејзиното момче не е воодушевен од таа идеја, но верувам дека Дара ќе си го истера своето, рекол изворот.

Извор: Мондо.рс