Кој маж најмногу си го сакаш! Наташа Беквалац раскажа за пропаднатите бракови – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/21 1:13 PM

Кој маж најмногу си го сакаш! Наташа Беквалац раскажа за пропаднатите бракови

Поп-ѕвездата Наташа Беквалац ги израдува своите обожаватели со своите искрени одговори на прашањата што ги доби преку Инстаграм.

Таа правела шеги на сметка на нејзиниот љубовен живот и браковите во кои била таа, а на необичен начин ги „советувала“ оние што  побарале совет од неа.

Затоа, на прашањето – Што сакала да направи, но никогаш немала прилика за тоа, таа одговори: „Да остане во брак“.

Потоа, таа одговори на прашањето поврзано со љубовта на далечина и истакна дека „само така успевала“.

Наташа одговараше и на други прашања во врска со нејзиниот љубовен живот.

„Кој поранешен сопруг најмногу го сакавте? „Сите како што одеа по ред“, одовори Беквалац.

На прашањето дали жената може да се за вљуби дури и по четириесет години, Наташа рече – „Ќе ве известам ако се заљубам, засега многу лошо се снаоѓам“.

Таа исто така истакна одговарајќи на прашањето што постигнала во животот без да верува дека е воможно, дека се омажила и се развела три пати.

Беквалац досега беше три пати во брак и тоа со поранешниот ватерполист Данило, со поранешниот ракометар Љубо Ивановиќ и со Лука Лазукиќ.

 

Извор и фото: Нова.рс