Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека кај нас е регистиран еден случај на компликации по приемот на вакцината АстрЗенека.
-Кај нас има регистрирано еден случај на девојка од 28 години и од вчера е во болница со тромботичен ефект, кој се поврзува со приемот на една доза на вакцината АстраЗенека, изјави Филипче.
Девојката вакцината ја примила во Србија, а рекацијата се јавила шест до седум дена по вакцинацирањето. Немала претходни контраиндикации.
Филипче рече дека останува внимателноста кон оваа вакцина, особено по реакциите на властите во Германија и Канада, и ќе се види во која насока ќе се продолжи. Засега останува препораката со АстраЗенека да не се вакцинираат граѓани под 60 години.
Објавено на: 03/31/21 10:49 AM