Започна вакцинацијата во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/21 10:19 AM

Започна вакцинацијата во Кавадарци

На два пункта во старата болница во Кавадарци денеска започна вакцинацијата за заштита од корона вирус, на лица постари од 77 години. На првиот ден за вакцинација закажани се 50 термини, а по 50 граѓани од оваа возрасна група ќе се вакцинираат и во наредните денови.

 

„За Кавадарци се планирани по 50 термини секој ден. Нашиот вакцинален пункт ќе работи секој работен ден од 8 до 17 часот. Граѓаните кои доаѓаат на вакцинација најпрво потпишуваат согласност, потоа ги прегледува лекар, а потоа им се дава вакцината“ рече директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев.

Во првите два часа од започнувањето со имунизација беа вакцинирани петнаесетина граѓани и не се беа регистрирани никакви проблеми.

 

Ангел Данов