Русија ја регистрираше првата вакцина против Ковид 19 за животни во светот, објави управата за сигурносна контрола во земјоделството Роселкхознадзор.
Русија веќе има три вакцини против коронавирус за луѓе, од кои најпозната е Спутник В.
Москва исто така итно одобрила уште две вакцини, EpiVacVoronu I CoviVac.
Вакцината за животни, која ја развила Роселкхознадзор, наречена е Carnivac-Cov, објавила управата.
-Испитувањата на Carnivac-Cov, кои започнале во октомври минатата година, вклучувала и кучиња, мачки, арктички лисици, лисици и други животни, рекол заменик шефот на Роселкхознадзор Константин Савенков.
-Резултатите од испитувањето овозможуваат заклучок дека вакцината е безопасна и дава висока заштита бидејќи сите вакцинирани животни развиле антитела на коронавирусот во 100 отсто од случаите.
Имунитетот трае шест месеци после вакцинацијата, но креаторите на вакцината продолжуваат да анализираат, наведуваат од управата.
Масовното производство на вакцината би можело да започне веќе во април, додале од Роселкхознадзор.
Извор: Рс1инфо.ком