Со ставовите по повеќе теми се „судрија“ претседателот Стево Пендаровски и министерот за здрасвство Венко Филипче. Кој и кога преговарал за набавка на вакцините? Кој е одговорен за состојбата со пандемијата? И најпосле за односот кон приватните болници. Пендаровски упати апел до приватните болници да ги намалат цените за лекување на Ковид-пациентите и како што рече, никој не треба да ги искористува личните трагедии за профит.
Министерот Филипче рече дека пациентите кои одат во приватните болници, тоа го прават по своја волја, иако и во државните ќе го добијатиот ист третман. Пендаровски, како што рече Филипче, упати личен апел до приватните болници.
-Веројатно тоа е негов апел. Но што е важно да се знае? Сите пациенти кои одат во приватните болници, го прават тоа по своја волја. Се нема случено да нема место или соодветен квалитет или било каква разлика или некој да сака да оди поради некоја разлика. Се што се прави во приватните болници, секој пристап на лекување, е буквално идентичен како и во државните. Здравствениот ситем од почетокот на кризата буквално за сите пациенти обезбеди се што треба и што требаше да имаат соодветно лекување“, рече Филипче во гостувањето за ТВ 21.
Објавено на: 03/31/21 7:52 AM