Челзи и Порто шанса за 1/2 финале ќе бараат на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 10:39 PM

Челзи и Порто шанса за 1/2 финале ќе бараат на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља

Пандемијата на коронавирусот во Европа и посебните рестрикции и мерки во секоја држава, од недела во недела ги менуваат приликите во фудбалските натпреварувања на „стариот континент“.

Откако во претходната рунда во Лигата на шампионите и Европа лига, добар дел од дуелите зазедоа место на различни стадиони и во различни градови, наместо во матичните, таа тенденција продолжува и во 1/4 финалето од најдоброто клупско светско натпреварување.

Челзи против Атлетико Мадрид не гостуваше во Шпанија кај Атлетико Мадрид, но затоа двата дуели со португалски Порто ќе ги одигра токму во таа земја. Дома-гости и за двата тима повеќе на постои, иако головите на номинално гостинскиот терен ќе се важат како и досега, а Порто и Челзи во два наврати ќе се судрат во Севиља на „Рамон Санчез Писхуан“.

Англискиот претставник сезонава имаше пријатен излет во андалузискиот град, победувајќи ја Севиља 0:4 во групата во Лигата на шампионите. Во тој меч, Оливие Жиру влезе во историјата со четири постигнати погодоци.

Првиот двобој на програмата ќе биде на седми април, додека вториот ќе биде една седмица подоцна на 13-ти април.

 

 

 

 

Фото:

eurosport.com