Moнголија-Јапонија 0:14: Јапонците го понижија противникот во квалификациите за Катар 2022 – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 10:02 PM

Moнголија-Јапонија 0:14: Јапонците го понижија противникот во квалификациите за Катар 2022

Три гола во судиското продолжение, повеќе од 80 отсто посед и 35 удари кон голот на голманот на Монголија. Јапонската фудбалска репрезентација во азиските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар идната година, немаше милост кон фенерџијата, понижувајќи го со нереален резултат од 0:14.

Ѕвездата на „самурајите“, фудбалерот на Ливерпул на позајмица во Саутемптон, Такуми Минамино, прв се запиша во листата на стрелците, а потоа – потоп. Играчот на германски Вердер Бремен, Јуја Осако постигна хет-трик, додека Даичи Камада, Хидемаса Морита, Шо Инагаки (2), Јунја Ито (2), Киого Фурухаши (2) влегоа во историјата на својата репрезентација и ја зајакнаа индивидуалната скорерска статистика. Да биде мизеријата за Монголија поголема, Ерден Туја го пронајде патот до мрежата на сопствениот гол.

Јапонија после огромната победа ќе се соочи со Мјанмар во јуни и во случај на победа ќе прогресира во следната фаза од азискиот квалификационен циклус.

Дваесет и петте удари во рамките на голот на Монголија, всушност голманот на домаќините го прават тивок херој. Единаесет осуетени обиди на Јапонија и извлекување „жива глава“.

 

 

 

 

Фото:

Twitter / @ОptaJiro