Фустани, чевли, чанти, детски играчки… Опљачана Бијонсе, шета од милион долари – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 6:45 PM

Фустани, чевли, чанти, детски играчки… Опљачана Бијонсе, шета од милион долари

Популарната пејачка Бијонсе (39) овој месец беше мета на разбојници двапати, а беа украдени и нејзини предмети во вредност од над милион долари.

Три единици за складирање во Лос Анџелес, кои пејачката ги изнајмила со цел да чува скапоцености, беа скршени двапати овој месец, наведува „ТМЗ“.

Полицискиот оддел во Лос Анџелес им соопштил на новинарите дека крадците избегале со скапоцените предмети кои претежно и припаѓаат на Бијонсе, вклучувајќи многу скапи чанти, чевли и фустани.

Тие, исто така, земале детски играчки и фотографии од еден нејзин стилист, а меѓу предметите е и славниот фустан извезен со дијаманти, што Бијонсе го носеше на Греми наградите.

Досега немаше апсења за овој случај, а полицијата сè уште истражува кој е вмешан.

Бијонсе не е првата поп-старвезда што е украдена на овој начин. На почетокот на годинава беше ограбена и Мајли Сајрус, а по тој повод беа однесени личните предмети на пејачката.

Извор и фото: telegraf.rs