Утре почнува вакцинацијата во штипскиот Здравствен дом за повозрасните граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 2:48 PM

Утре почнува вакцинацијата во штипскиот Здравствен дом за повозрасните граѓани

Попладнево пристигнува определената доза на ковид вакцини за Штип, што почнуваат да се даваат на граѓаните над 77 години кои се пријавиле за имунизација. Според информациите од Здравствениот дом, пунктот ќе биде отворен утре во осум часот и ќе работи со закажување, според Мој термин. Првите граѓаните се информирани преку своите матични лекари.
Планот е до крајот на оваа работна недела од утре па до петок, вакцинацијата да се одвива од осум до 14.30 часот. Во текот на неделата граѓаните ќе бидат информирани за планот за наредната недела.
Првите дози вакцини се со АстраЗенека, што изминатиот викенд пристигнаа преку Ковакс механизмот.
Од Здравствениот дом укажуваат дека граѓаните за вакцина во закажаниот термин треба да се јават на вториот кат, на влезот од страната кај хотелот Гарни.