СВР Штип контроли: Казнети вкупно 85 возачи, без возачка возеле 14 возачи, нерегистрирани возила петмина – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 2:31 PM

СВР Штип контроли: Казнети вкупно 85 возачи, без возачка возеле 14 возачи, нерегистрирани возила петмина

Сообраќајни контроли спроведе СВР Штип во текот на вчерашниот ден. И покрај засилените и зачестени контроли и понатаму со вози под дејство на алхохол, без возачки дозволи, со нерегистрирани возила.

„ Во текот на вчерашниот ден (29.03.2021), СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 85 мерки, меѓу кои 38 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 14 без возачка дозвола, 5 за нерегистрирани возила, 2 за технички неисправни возила, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 7 за некористење сигурносен појас, 7 за користење мобилен телефон, 1 за непрописно паркирање, 2 за возачи почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 1 за претовар и 5 за непрописно престигнување. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови,“ се вели во соопштението.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.