Штипјанец фатен на лице место како краде од магацин на улицата „Железнича“. Кривична ќе заработи не само затоа што крадел, туку и затоа што тоа го направил за време на полициски час.
„На 30.03.2021, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.И.(51) од Штип затоа што на 29.03.2021 во 22.45 часот бил затекнат при вршење на кривично дело „кражба“ од магацински простор на ул.„Железничка“ во Штип. Тој не ја почитувал ни мерката забрана за движење во периодот од 22.00 до 05.00 часот. Украдените предмети биле одземени и вратени на оштетеното лице,“ информираат од СВР Штип.
По целосно документирање на случајот против Ј.И. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.