Командантот на НАТО во Европа во посета на Турција – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/18 8:52 AM

Командантот на НАТО во Европа во посета на Турција

Командантот на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа, генерал Кертис Скапароти утре ќе допатува во официјална посета на Турција.

Како што јави Анадолија, предвидено е американскиот генерал да се сретне со високи турски официјални претставници со кои ќе разговара за состојбата во Сирија, пред се во нејзините северни делови, каде се распоредни припадници на Вооружените сили на Турција.

Скапароти в четврток ќе ја пости воздухопловната база Инџирлик во близина на јужниот турски град Адана, каде се стационирани сили на НАТО, по што ќе отпатува за Измир.

Посетата на Сакапароти на Турција доаѓа во време на зголемени тензии во односите меѓу Вашингтон и Анкара, поради приведувањето на американскиот пастор Ендрју Бронсон во Турција и заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп за воведување санкции кон турската држава поради овој случај.

Но, и покрај влошените билатерални односи, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис неодмана изјави дека таквата состојба не влијаа врз воената соработка меѓу САД и Турција.

 

Извор:МИА