Секторот за урбанизам Штип известува за одржување на јавна анкета и јавна презентација за донесување на локална урбанистичка планска документација за изградба на А0- Домување во станбени куќи со посебен режим на К.П бр. 3245 и бр. 3246, К.О Штип вон град, Општина Штип, со тех. Бр У-04/20 изработен од Студио Атриум ДОО – Штип.
Јавната анкета и презентација ќе се спроведе со излагање на планската документација во просториите на локалната самоуправа на Општина Штип. Ќе трае 10 работни дена, започнувајќи три работни дена од денот на објавувањето на соопштението во јавните гласила, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот, во период од 29.03.2020 до 09.04.2020.
Во споменатиот период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.