Евросонг го направи редоследот – Македонија на Евросонг ќе запее шеста во првото полуфинале – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 1:53 PM

Евросонг го направи редоследот – Македонија на Евросонг ќе запее шеста во првото полуфинале

Евросонг го објави редоследот на настапи во полуфиналните вечери. Македонија ќе настапи шеста во првата полуфинална вечер, која ќе се одржи на 18 мај. Оваа вечер ќе настапат вкупно 16 држави, а вечерта ќе ја отвори Литванија. По неа се Словенија, Русија, па Шведска, Австралија, МАкедонија, Ирска, Кипар, Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербеџан, Украина и на крајот Малта.

Втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на на 20 мај ќе настапат уште 17 држави. Оваа вечер прва ќе настапи Сан Марино, а потоа се Естонија, Чешка, Грција, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска.


Од секоја полуфинална вечер, по 10 земји ќе се квалификуваат за големото финале, кое ќе се одржи во сабота, на 22-ри мај.

Учесниците веќе имаат снимено видео за песната и имаат издадено четири верзии на песната на  за стриминг сервисот: инструментална, песна само на англиски и само на мајчиниот јазик.

Новите 20 држави кои ќе се квалификуваат во финалето, ќе се придружат на Холандија, земјата домаќин, како и на земјите кои секоја година се автоматски  квалифицирани – „Големата петорка“: Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија.

Македонија ќе ја претставува Васил Гарванлиев со песната „Here I Stand“.

Изборот за песна на Евровизија и годинава ќе се одржи во Ротердам, Холандија. Холандија и минатата година беше домаќин, но со оглед на проблемите кои ги донесепандемијата, шоуто не се одржа.

6 is a Magic Number ❤️💛

#HereIStand #Eurovision

Posted by Vasil Garvanliev on Tuesday, March 30, 2021