Комерцијална банка им изгласа дивиденда на акционерите, но засега нема да може да ја подели – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 1:02 PM

Комерцијална банка им изгласа дивиденда на акционерите, но засега нема да може да ја подели

На вчера одржаното годишно собрание, акцинерите на Комерцијална банка донесоа одлука да поделат дивиденда, и покрај ограничувањето од Народна банка. Засега нето добивката во износ од 1.911,9 милиони денари нема да ја распределат, додека важи одлуката за ограничување на Централната банка. Во сила е забраната за распределба на минагодишната добивка. Акционерите треба да поделат дивиденда во износ од 1.367.440.200 денари.
Неколку компании, акцинери на Комерцијална банка заедно со Хари Костов и адвокатот Игор Спировски поднесоа иницијатива до Уставниот суд, со кои ја оспоруваат привремената забрана на Народна банка за поделба на дивидендата за 2020 година.
Одлуката на Уставниот суд ја очекуваат и другите деловни банки, кои според најавите, имаа намера на претстојните годишни собранија, на дневен ред да ја стават одлуката за поделба на дивидендата. Засега, одлуката ќе ги почека уставните судии.
Народна банка, повикувајќи се на Законот за Народна банка воведе времено ограничување, како што објасни заради одржување на финансиската стабилност во услови на пандемија.