До јуни оваа година, жителите на улицата ,,Панче Караѓозов“во Штип, по 40 години откако е направена, ќе добијат нова модерна и реконструирана улица. Така најави градоначалникот Сашо Николов, кој денес беше на увид во градежните работи.
„Во овој момент се врши реконструкција на фекалната канализација на улицата „Панче Караѓозов“ до спој со улицата „Сутјеска“и спој со улица „Широк дол“. Инвестиција на овој дел е 360.000 денари. Се реконструира и дел од водоводната мрежа на улицата „Панче Караѓозов“ спој со улицата „Сутјеска“ за што ќе бидат потрошени 1.900.000 денари. По завршувањето на реконструкцијата на канализациската и водоводната мрежа, ќе се стартува со реконструкција на патот и тротоарите, некаде во должина од 400 метри. Вредноста на оваа инвестиција се проценува на 13.000.000 денари,“ информираше Николов при денешниот увид на градежните работи.
Реконструкцијата на канализациската и водоводна мрежа треба да заврши за 30-40 дена, а работите ќе се одвиваат етапно, за да може деловите кои што ќе се завршуваат да се користат за сообраќај.
Во периодот на подготовка на улицата за асфалтирање и за време на асфалтирањето, улицата ќе биде целосно затворена.
Жителите задоволни од започнатите активности на улицата „Панче Караѓозов“, затоа што по 40 години конечно се работи на нејзина реконструкција.
„Ова ќе биде придобивка, не само на нас како жители на оваа улица, туку за сите штипјани, пред се зошто тука е и Градскиот пазар,“ коментираат жителите.
Градоначалникот Сашо Николов информираше дека со комплетното завршување на улицата „Панче Караѓозов“ќе се продолжи со реконструкција на улиците „5-ти Конгрес“, „Солидарност“и „Браќа Деневи“.
В.Кр