Штипското Инфективно одделение ќе почне да се реновира, ама по поминувањето на пикот – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 11:54 AM

Штипското Инфективно одделение ќе почне да се реновира, ама по поминувањето на пикот

Наводите дека зградата на Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип ќе почне да се реновира сред пик на пандемијата, сепак се само лажни вести. Според овие информации, од први април почнуваат градежни зафати, додека пациентите ќе бидат дислоцирани. Директорот на Клиничката болница, Ален Ѓеорѓијев ги демантира овие информации, со објаснување дека градежни зафати ќе има, но по стивнувањето на овој брај.Станува збор за зафати во рамките на проектот за реконструкција на зградата на Инфективното одделение, што според проектната документација треба да завршат до крајот на август 2021 година.
-Баравме продолжување на активностите на проектот до декември. Избрана е компанијата изведувач на работите, но сега, сред пикот на новиот бран, работите не можат да почнат, изјави Ѓеорѓијев.
Со проектот предвидени се реконструкција на покривот, фасадата и замена на прозорците.
Деновиве напливот на пациенти од целиот источен регион е голем. Капацитетите на болницата за ковид пацинети се исполнети. Секојдневно се лекуваат по над 60-тина пацинети. Денеска, 47 од пацинетите се на кислородна поддршка. Ставени се во фунција дополнителни легла на Кардиологија, дополнителните десет кревети на Кожно одделние и четири на Интензивна, а веќе во петок се очекува да се стави во функција монтажната болница со 47 кревети.
Утре ќе биде завршена кислородната станица и веќе во петок да се сместат првите пацинети. Кислородот е неопходен за ковид пацинетите, а доказ за таа потреба е што овие месеци потрошувачката порасна на 25 тони месечно. Дневно, според директорот Ѓеорѓиејев се троши по 800 литри кислород, наместо досегашните 500 литри. Два пати дневно се набавува кислород во штипската болница. Само во Штип има близу 600 активни пацинети, а над половина од тестовите излегуваат позитивни.