Три пати ја одложи венчавката – премиерката на Нов Зеленд конечно ќе се мажи – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/21 9:45 AM

Три пати ја одложи венчавката – премиерката на Нов Зеленд конечно ќе се мажи

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјавила дека конечно почнала да ја планира својата венчавка и тоа две години откако го кажа судбоносното „да“ со својот долгогодишен партнер Кларк Гејфорд.

-Бев многу зафатена во последно време и немав време да се посветам на планирање на големиот ден, рекла таа.

Џасинда Ардерн ја одложувала венчавката во повеќе наврати. Прво тоа било поради терористичкиот напад во Кајстчерч (март 2019), кога беа убиени 51 лице. Потоа венчавката била одложена поради трагедијата која се случила кога изненадно проработел вулкан на Големиот бел остров во декември 2019 година и кога 22 лица загинаа, додека 25 беа повредени. Третиот и последен пат премиерката венчавката ја одложи во март минатата година кога дојде до пандемија од коронавирус. Во оваа земја од корона заболеа 2.427 лица додека 26 починаа.

-Пандемијата ни ги промени плановите, но не само нас, рекла премиерката.

Парот се запознал во 2012 година на една церемонија на доделување на награди, а добија и ќерка во 2018. Џасинда Ардерн во јавноста ги привлече симпатиите поради храброста и начинот на кој се избори со кризите кои го погодија Нов Зеланд од кога е таа на чело на државата.

Извор: Мондо.рс