Интер се договори и за Артуро Видал – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/18 8:19 AM

Интер се договори и за Артуро Видал

Баерн Минхен се согласил да го продаде Артуро Видал на Интер, објави во понеделникот италијанскиот новинар Алфредо Педула.

Интересно е дека дел од договорот вклучува продолжување на договорот на Чилеанецот со Баерн до 2020.

Според информациите, Видал ќе игра во следната сезона на позајмица во Интер, а потоа „нероазурите“ ќе имаат опција да го купат за 30 милиони евра.

Трансакцијата се очекува да биде финализирана во следните неколку дена.

Претседателот на Баерн Ули Хенес објави неодамна дека составот ќе биде скратен со неколку луѓе, а средниот ред е презаситен од играчи по привлекувањето на Леон Горецка и враќањето на Ренато Санчез.

 

Извор:МИА