Ако не се грижите за себе, не можете да очекувате дека ќе добиете вистинска љубов од партнерот, пријателите и семејството, бидејќи друите секогаш ќе се однесуваат кон вас онака како што вие несвесно им праќате пораки за она што го очекувате од нив. А доколку не се почитувате самите себе, како тогаш можете да го очекувате истото од другите луѓе?
Постои начин да се засакате себеси преку десет чекори:
Во својот дневник или на лист хартија напишете, а потоа кажете на глас дека се сакате себеси;
Купете си подарок како симболичен знак за љубовта што ја чувствувате кон себе, разведрете се бидејќи вие тоа го заслужувате;
Простете си за лошите одлуки кои сте ги донеле. Тогаш сте постапиле така како што во тој момент сте мислеле дека е најдобро. Ако сакате да живеете во минатото, нема да можете да се фокусирате на иднината и на тоа да станете најдобра верзија од себе.
Не бидете самокритични;
За другите луѓе секогаш наоѓаме зборови за оправдување и поддршка кога ќе направат нешто погрешно, но себе неретко се казнуваме прекорувајќи се;
Јас сум најлош/а
Како можев да направам таква грешка?
Каде ми беше паметот?
Кога ќе забележите дека кон себе се однесувате на ваков начин, постапете онака како што би постапиле доколку се работи за некоја ваша блиска личност. Веројатно би ја прегрнале и би и’ кажале дека е само човечко суштество кое може да згреши и дека околностите биле такви.
Грижете се за себе
Дали би му верувале на вашиот партнер доколку ви кажува дека ве сака, а покажува грижа? Истото важи и за вас. Ако си кажуват себеси дека се сакате, а не се грижите доволно (не спиете доволно, не се релаксирате, немате активности во кои уживате) дали ја кажувате вистината?
Побарајте помош кога ви треба;
Одредете здрави граници во односите со другите луѓе за да имате време и енергија да се грижете за себе. Вашите потреби нека ви бидат приоритет.
Поработете на својата самодоверба;
Верувајте во себе;
Научете се да им кажувате НЕ на луѓето кои не се добри за вас. Ако одбиете некого за да направите простор и време за работите кои ви се приоритет, нема да бидете безобразни, туку ќе бидете личност која е искрена и која се грижи за себе.
Извор: krenizdravo.hr