Тато ти си борец, не се давај, те сакаме, порача Влатко Ѓорчев на татко му, кој по вакцинирање во Ниш падна во кома – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 9:35 PM

Тато ти си борец, не се давај, те сакаме, порача Влатко Ѓорчев на татко му, кој по вакцинирање во Ниш падна во кома

Српските медиуми денес објавија вест дека на еден човек од Македонија, кој вчера бил во Ниш, за да се вакцинира му се слошило, паднал во кома. Човекој, за кој велеа дека е 72 годишен маж, со четири бајпаса е проф. д-р Анѓелко Ѓорчев, татко на Влатко Ѓорчев. Тој вечерва преку социјалните мрежи ја објасни состојбата на својот татко и  и порача: „ Тато, држи се.  Ти си борец.  Не се давај.  Сите те сакаме“.

-Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор.  Се надеваме и се молиме да му се подобри состојбата.  Да отвори очи и да го преживее ова.  Повторно да ги види своите деца и внуци. Вчера рано наутро тргнал за Ниш да се вакцинира, затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините.  Појде на вакцинација заедно со неколку негови колеги доктори. Стар човек (роден 1948 година), со 3 бајпаса и 3 стента.  Отиде за Ниш, затоа што цела година беше дома.  Речиси без излегување, со минимум, минимум социјални контакти поради ковид кризата.  Татко ми има 72 години, а цели 45 години е доктор.  Лечеше илјадници и илјадници луѓе на Клиниката за пулмологија во клиничкиот ценатар во Скопје.   Спасуваше и спасува животи.  Има пациенти од секој град, речиси и секое село. Македонија немаше вакцина за старите луѓе со нарушено здравје.  Тој е лекар, пулмолог, интернист, професор што предаваше на студенти, човек што лечи луѓе, сеуште активен доктор, со 45 години лекарски стаж, со слабо срце, напиша Влатко и додаде:

-Проф. Др. Ангелко Ѓорчев, сеуште прегледува пациенти, со намален и повремен ангажман.   На возраст од 72 години, како сеуште активен лекар, со 3 бајпаса и 3 стента, беше на некоја забаталена листа на чекање за вакцинација, која со месеци, месеци и месеци ја чекаше. Затоа отиде во Ниш заедно со неколку колеги доктори.  Мислам дека отиде од револт, но и желба за имунизација, сакајќи повторно да се дружи со внуците и пријателите.  Отиде без да ми каже, без да ми најави, а знам дека со месеци чекаше да се вакцинира во Скопје, пишува меѓу другото Влатко.

-Кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест.  Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш.  Не знаеме колку долго не можел да дише.  Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород.  Сега е на респиратор, во кома.   Не знаеме сеуште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето.  Сега е најважно да преживее. Тато, држи се.  Ти си борец.  Не се давај.  Сите те сакаме, напиша Влатко.

Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор.

Се надеваме и се молиме да…

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Monday, March 29, 2021