OФИЦИЈАЛНО: Кун Агуеро на крајот од сезоната го напушта Манчестер Сити – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 9:23 PM

OФИЦИЈАЛНО: Кун Агуеро на крајот од сезоната го напушта Манчестер Сити

Дојде и тој ден. Веројатно најголемиот фудбалер во историјата на клубот од „синиот“ дел на Манчестер, Серхио Кун Агуеро, на крајот од сезоната ќе го напушти Сити како слободен играч, објавија и од клубот и аргентинскиот фудбалер на социјалните мрежи.

После една деценија и влегување во аналите на Манчестер Сити со постигнати 257 голови (вклучувајќи го и добропознатиот за титула против КПР), Агуеро ќе ја промени средина. За неговите услуги се интересираат неколку премиерлигашки екипи, а огромен интерес за некогашниот напаѓач на Атлетико Мадрид доаѓа токму и од Шпанија.

-Десет сезони со толку големи остварувања и трофеи, станувајќи најдобар стрелец во историјата на клубот и креирајќи нераскинлив однос со луѓето кои го сакаат овој клуб, луѓе кои засекогаш ќе останат во моето срце. Во текот на оваа сезона ќе дадам го дадам својот максимум во борбата за титули со цел да им донесам дополнителна радост на навивачите. Потоа, ново поглавје во мојот живот започнува, а таму ќе се обидам со ист професионализам и пасија да ги бранам боите на новиот тим, напиша Серхио Агуеро.

Аргентинецот со Сити освои четири титули во Премиер Лигата (на пат е кон петтата сезонава), но покрај тоа и пет пати го освои Лига Купот, заедно со трите трофеи во Комјунити Шилд и еден ФА Куп.

 

 

 

 

 

Фото:

goal.com