Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, позитивен е на Ковид-19. Тој на својот „Фејсбук“ профил ја соопшти оваа вест, откако вчера пројавил благи симптоми на вирусот, а денешните ПЦР тестирања покажале дека има позитивен тест.
-Почитувани пријатели, во текот на вчерашниот ден пројавив благи симптоми на Ковид-19, по што денес направив ПЦР тест кој покажа дека сум позитивен на Ковид-19. Се чувствувам добро и се надевам дека состојбата нема да се промени, а симптомите ќе бидат сведени на минимум. Се извинувам доколку ненамерно некому сум ја пренел болеста без да знам, напиша Темелковски.
Фото:
24info.mk