(ВИДЕО) Животот на Флорида му е како песна: „Деспасито“ во изведба на Гонзало Игуаин – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 6:43 PM

(ВИДЕО) Животот на Флорида му е како песна: „Деспасито“ во изведба на Гонзало Игуаин

Проектот во МЛС лигата предводен меѓудругите и од планетарно познатиот поранешен англиски фудбалер, Дејвид Бекам, во изминатата година стана атрактивна дестинација за многумина фудбалери од Јужна Америка. Еден од оние кои во последните денови од европскиот преоден трансфер рок се пресели на топлата Флорида во САД е некогашниот напаѓач на Милан, Реал Мадрид и Наполи, Гонзало Игуаин.

„Ел Пипита“ како слободен играч од Јувентус стави потпис на договор со Интер Мајами, придружувајќи му се на неговиот брат Федерико во обидот за етаблирање во клупскиот фудбал на Интер во најдобрата американска фудбалска лига.

Иако „новиот Игуаин“, поприлично меч-фит, без коса, но со многу брада и фацијален имиџ, не е претерано голгетерски настроен на стартот во својот клуб, знае да се „фати“ за микрофон и да ги  располжи со песна соиграчите. Она што во последно време станува и традиција, новодојдените играчи да се претстават со пеење во новата средина, не можеше, а и не смееше да го заобиколи Аргентинецот, со оглед на тоа дека изведбата на големиот поп хит „Деспасито“ звучеше сосема пристојно во една караоке верзија.

 

 

Што и да се случи со професионалната играчка кариера на детето на Ривер Плејт, иднината за него е обезбедена. Игуаин како вокалист во некоја поп-латино група – добра идеја.

 

 

 

 

 

Фото:

itasportpress.it

 

д.ј