Германската канцеларка Ангела Меркел признала дека нејзината влада направила грешки, вклучувајќи ги и плановите за велигденско заклучување, кое морало да биде поништено.
Во интервју за телевизијата АРД Меркел изразила фрустрации поради делувањето на гувернерите на некои германски држави, меѓу кои и членови на нејзината партија, кои се спротивставувале на строгите ограничувања заа кои претходно се договориле, пренесува Ројтерс.
Меркел рекла дека за секое возрасно лице ќе биде понудена вакцина до крајот на летото, инсистирајќи на тоа дека Германија и понатака добро се држи во споредба со повеќето соседи.-Можеби не сме перфекционисти и сакаме да направиме се како што треба, бидејќи е очигледно дека оној кој греши, секогаш се соочува со многу јавни критики, рекла Меркел.
Извор:Новости.рс