Чести тестови и карантин за подолг престој – нови правила за камионџиите за влез во Британија – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 3:29 PM

Чести тестови и карантин за подолг престој – нови правила за камионџиите за влез во Британија

Велика Британија воведува нови ограничувања на ковид-19 за сите превозници кои влегуваат во земјата од 6 април. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, рревозниците што ќе останат 48 часа, ќе треба да направат тест за антиген пред крајот на вториот ден. Во случај нивниот престој да биде подолг од два дена, тие се должни да поминат низ тестирање во петтиот и осмиот ден. Тестовите се вршат бесплатно во назначените државни центри.

Од превозниците се бара да останат во карантин во рок од 10 дена, а своите возила можат да ги напуштат само за набавка на храна и други продукти, кратки прошетки и тоалет.

Во случај на непочитување на прописите, ќе бидат изречени казни во износ од 1000 британски фунти.

Во случај на инфекција со ковид-19, од превозниците ќе се бара карантин на свој трошок во хотелите назначени од британските власти.