На првите три места за најкалорична кујна се наоѓаат италијанската, мексиканската и јапонската кујна – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 8:00 PM

На првите три места за најкалорична кујна се наоѓаат италијанската, мексиканската и јапонската кујна

По напорен ден, преморени сме за да готвиме, па решаваме да јадеме нешто надвор, а GolfSupport.com одлучи да истражи која кујна е најкалорична.

На првите три места се наоѓаат италијанската, мексиканската и јапонската кујна.

Италијанската кујна содржи просечно 743 калории по оброк, и е на врвот кога станува збор за храна со најголема просечна содржина на маснотии (43 грама). Што се однесува до содржината на шеќер, таа е на четвртото место со 12,6 грама.

Мексиканската кујна е на второ место со 586 калории по оброк. Просечниот оброк содржи 27,6 грама маснотии и 7,6 грама шеќер.

Третото место го зазема јапонската кујна со 576 калории по оброк и изненадувачки висока содржина на шеќер од 13 грама во просек. Сепак, оваа кујна содржи најмала содржина на маснотии од 16,6 грама.

Најкалорични јадења

Pad Thai се смета за најкалорично јадење со 1004 калории. Содржината на маснотии во ова јадење е 45 грама, а содржи и 24 грама шеќер.

Тако со 792 калории, 44 грама маснотии и 8 грама шеќер не заостануваат.

Во топ трите е и сладоледот со 780 калории, 69 грама маснотии и 32 грама шеќер.

Нискокалорични кујни

Најмалку калории има во индиската храна со просек од 357 калории по оброк. Исто така, има ниска содржина на шеќер (7,3 грама), но со просек од 18,6 грама маснотија е во топ 5 најмасните кујни.

Следува шпанската кујна која има 364 калории по оброк, 14,6 грама маснотии и 9 грама шеќер и грчката кујна со 364 калории, 17,3 грама маснотии и 9,3 грама шеќер.

Нискокалорични оброци

Том Јам, зачинета и кисела тајландска супа се смета за јадење со најниско калорично јадење. Има само 90 калории, грам маснотии и грам шеќер.

На второ место е гаспачо, шпанска ладна супа од домати со зеленчук, со 126 калории и грам маснотии, но 18 грама шеќер. Конечно, тука е баклавата со 224 калории по оброк и 13 грама шеќер и 12 грама маснотии.

Мексиканската кујна е на второ место меѓу најкалоричните, па затоа не е изненадувачки што нивната проекција на дебелина за 2021 година беше највисока и опфати 28,9 проценти од населението. Следат Грција со 24,9 проценти и Шпанија со 23,8 проценти.

Додека јапонската кујна е една од најкалоричните, нивото на дебелина во таа земја е меѓу најниските со само 4,3 проценти. Ова појаснува дека е навистина важно да се консумира сè, но во умерени количини.

Преземено од: https://www.index.hr/